На 05.12.2019 година, во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија се одржа третата редовна седница на Советот на НИПП.

На седницата Советот ја разгледа Предлог-годишната програма за НИПП за 2020 година, за која даде позитивно мислење, а се разгледуваа и беа донесени решенија за назначување претседател и членови на 4 работни групи и тоа за:

  • институционални и правни прашања и градење капацитети,
  • економски прашања,
  • технолошки прашања (стандарди, метаподатоци, услуги и друго) и
  • односи со јавноста и комуникации.

Од страна на Агенцијата за катастар на недвижнсоти пред Советот беше презентирана новата нацрт Стратегија за НИПП за периодот 2020-2022 која се изработува во рамки на пректот „Соработка за дигитална демократија“, кој се реализира во соработка со Лантматериет (шведскиот катастар), како и редизајнираниот НИПП геопортал, чија официјална промоција е планирана да се реализира во февруари 2020 година на настанот „НИПП ден“ во Република Северна Македонија.