Петтата седница на Советот на НИПП се одржа на 9.12.2021 година во Владата на Република Северна Македонија. Работата на седницата со која претседаваше претседателот на Советот – Фатмир Битиќи, Заменик на Претседателот на владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, беше реализирана според предложениот дневен ред.

На седницата беше разгледан и усвоен Извештајот за реализација на Годишната програма за НИПП за 2021 година. Потоа, беше резгледана и се поведе дискусија за Предлог-Годишната програма за НИПП за 2022 година. Во нејзината реализација ќе партиципираат шест субјекти во НИПП (Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за внатрешни работи, Агенција за катастар на недвижности, Агенција за планирање на просторот, Државен завод за статистика и Геолошки завод на Република Северна Македонија).

Советот донесе позитивно мислење за програмата, таа ќе биде доставена до Владата на Република Северна Македонија, каде ќе треба да биде усвоена. На седницата беше разгледан и прифатен предлогот доставен од страна на Министерството за внатрешни работи за измена на неговиот член во Работната група за институционални и правни прашања и градење на капацитети.