На годишниот состанок на работните групи на НИПП, кој се одржа на 2 ноември 2021 година присуствуваа членовите од следните субјекти во НИПП: Министерство за внатрешни работи, Министерство за животна средина и просторно планирање,  Агенци-ја за планирање на просторот, Центар за управување со кризи, Министерство за транспорт и врски, Геолошки завод на Република Северна Македонија, Управа за заштита на културното наследство, Државен завод за статистика, Централен регистар на Република Северна Македонија и Агенција за катастар на недвижности.

Тема на состанокот беа НИПП активностите во тековната и идната година, поточно разгледување на извештајот за реализација на Годишната програма на НИПП за 2021 година, разгледување на предлогот на Годишната програма на НИПП за 2022 година која е изработена согласно пристигнатите предлози од страна на субјектите во НИПП и информирање за тековните активности во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“.