На 22.09.2021 година во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“ се одржа работилницата на тема „Отворени податоци“. На работилницата земаа учество 23 учесници од следните институции: Министерство за внатрешни работи, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за економија, Централниот регистар, Геолошкиот завод, Агенцијата за катастар на недвижности, како и од компанијата ГДИ Скопје и од шведскиот катастар – Лантматериет.

Во Европската Унија, отворените податоци се регулирани со директивата за јавниот сектор – ПСИ директива. Отворените податоци имаат отворен формат, се користат без надоместок и без да се ограничуваат корисниците. Шведскиот катастар за нив ја применува лиценцата на Креатив комон „СС-0“.

obuka_odata2
obuka_odata1

На работилницата беше нагласено дека при отворањето на податоците треба да се земе предвид влијанието од финансискиот аспект врз институцијата, за што е неопходна поддршка од страна на Владата во форма на грантови.

Презентираното шведско искуство, за отворените податоци, укажа дека бенефитот од нив е голем, особено поради фактот што тие овозможуват креирање на податоци со додадена вредност, кои имаат позитивно влијание врз општеството.