На 25 јануари 2022 година беше одржана работилница насловена како „НИПП Бизнис модел“. Работилницата беше организирана во рамките на Проектот „Соработка за дигитална демократија“ и на неа учествуваа претставници на Агенцијата за катастар на недвижности, Субјектите во НИПП и претставници на Лантматериет.

Во самиот вовед на отварањето на конференцијата беше даден осврт на досегашните активности. Дефинирињето на содржината на табелата со податоци на работилницата во мај минатата година, во декември пак на втората работилница, насловена како „Бизнис модел-почетни активности” беше презентирана нацрт верзијата на бизнис моделот, кој би требало во иднина да биде усвоен и да биде македонски НИПП бизнис модел.

На денешната работилница, од страна на АКН беше прикажан напредокот во потполнувањето на табелата со информации кои треба да претставуваат основа за изработка на бизнис модел за нашата Национална инфраструктура на просторни податоци. Креирани се повеќе теми кои треба да бидат потполнети од сите Субјекти во НИПП, како што е темата на збирката на просторни податоци, името на податокот, одговорен субјект, тип на корисник, дали е потребно официјално барање за да се добие податокот, дали за податокот и за неговото користење се плаќа надоместок согласно регулативата, понатаму типовите на лиценци, примена на ограничувања во однос на користењето на збирките на просторни податоци и на крај име на регулативата со која се ограничува користењето на конкретниот податок. До сега се внесени околу 1200 редови со податоци, или поточно околу 200-300 идентификувани збирки на просторни податоци, што е голем исчекор во потполнувањето на регистарот на збирки на просторни податоци. Сепак, беше констатирано дека иако поголем број од субјектите одговориле на предизвикот, некои од субјектите до сега немаат потполнето никакви податоци.

Претставниците на шведскиот катастар го изнесоа своето мислење за напредокот на бизнис моделот до сега и кои чекори понатаму е потребно да се преземат за да се креира еден успешен НИПП бизнис модел. Беше поздравен големиот напредок во прибирањето на податоците и беа анализирани до сега прибраните податоци и тоа посебно според секој Субјект, во однос на секоја категорија дали е потребно барање, паричен надоместок и кои се условите за користење, дали постојат ограничувачки лиценци како СС0 или СС-BY. Според нив, бизнис моделот ќе ги дефинира целните групи, односно кои ќе бидат корисниците, како корисниците ќе имаат пристап до информациите, кои правила за користење ќе бидат поставени за податоците и основата на ценовниот модел. Вистинскиот пат за градење на бизнис моделот се заснова на три столба: пристапниот модел, што е договор меѓу имателите на податоци кој го дава одговорот на тоа како ќе се ракува со податоците, потоа моделот на лиценцирање кој е договор за употреба на податоците и на крај моделот за надоместок кој што е договор кој ги покрива финансиските потреби на субјектите.

Понатаму, со активности ќе се продолжи веќе во март 2022 година, каде ќе се сумираат досегашните активности и ќе се проговори за иднината на овој НИПП бизнис модел, односно како тој ќе функционира во иднина.