НИПП геопорталот управуван од Агенцијата за катастар на недвижности е национален геопортал кој функционира како заедничка веб-платформа на која субјектите во НИПП можат да креираат и да објавуваат метаподатоци и веб услуги за своите збирки на просторни податоци.

НИПП геопорталот е збогатен со две нови услуги за преглед и преземање на просторни податоци, кои ги обезбеди Град Скопје (WMS-Web Map Service). Така, со овие нови услуги ќе може бесплатно да се прегледуваат и преземаат следниве просторни податоци:

  • Границата на ГУП (Генерален урбанистички план) 2012-2022 за град Скопје и
  • Границите на градските четврти на подрачјето на Град Скопје.

За овие просторни податоци и услуги се изработени соодветни метаподатоци.