Како дел од планираните активности во шведскиот проект „Соработка за дигитална демократија“, во организација на Агенцијата за катастар на недвижности и шведскиот катастар Лантматериет на 8 март 2022 година се одржа работилница на тема „НИПП-стратегија 2023-2025“.


Првата сесија од работилницата беше посветена на дефинирање на новите НИПП-стратешки цели и приоритети. Во втората сесија од работилницата учесниците дискутираа и заеднички ги определија активностите преку кои ќе се реализираат дефинираните статешки цели.
Активното учество на претставниците од сите субјекти во НИПП за време на работилницата значајно придонесе за креирањето на правците при развојот на новата тригодишна Стратегија за НИПП.