Во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“, кој се спроведува во Агенцијата за катастар на недвижности, тимот на компонентата на НИПП подготви Интерно упатство за користење на социјалните мрежи во одделението за НИПП.

Со упатството се уредува начинот на користење на социјалните мрежи за поврзување со корисниците на НИПП, заради зајакнување на свеста за НИПП, зголемување на бројот на корисници на НИПП геопорталот, промоција и подобрување на збирките на просторни податоци и услуги за просторни податоци.

НИПП останува доследно и ги следи модерните текови на комуникација и информирање на НИПП субјектите и воопшто на пошироката јавност. Се надеваме дека присуството на социјалните мрежи ќе придонесе до поголема информираност и видливост на активностите на НИПП.