На 18.11.2020 година, согласно мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19, се одржа онлајн, 4 седница на Советот на НИПП.

Со седницата раководеше Претседателот на советот на НИПП, Фатмир Битиќи, Заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

На седницата, Советот го разгледа и усвои Годишниот извештај за реализација на Годишната програма за НИПП за 2020 година, ја разгледа Предлог-годишната програма за НИПП за 2021 година и за неа даде позитивно мислење, беше разгледан текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за НИПП, како и извештајот по однос на заклучоците од 13 седница на Владата на Република Северна Македонија по точка 4 – Информација за реализацијата на НИПП активностите.

 

Агенцијата за катастар на недвижности, пред Советот, го презентираше финалното софтверско решение на новиот НИПП геопортал, како и современата мултимедијска електронска алатка за негова промоција.