Често поставувани прашања

На насловната страна се достапни бројки кои ги прикажуваат достапните ресурси на порталот (метаподатоци, услуги, датасетови, институции), а бројките се однесуваат на:

Метаподатоци – вкупна бројка на достапни метаподатоци на геопорталот;

Услуги – вкупна бројка на достапни стандардизирани веб услуги според национален и инспире стандард (како WMS, WFS и други услуги);

Датасетови  – сите ресурси достапни за превзимање локално од страна на корисникот (на пример .zip, .shp, .pdf …)

Институции – претставува број на НИПП субјекти според Законот за НИПП

Веб услуги преземени од НИПП геопорталот (како WMS, WFS) можат да се користат во рамките на различни ГИС клиентски апликации. ГИС клиентски апликации имаат различни специфичности во врска со постапка и ограничувања за користење на веб услугите.

Важно е да се запази дека веб услугите на НИПП геопорталот се стандардизирани според OGC спецификации, заштитени од неовластен пристап.

Во таа насока, како пример ќе наведеме дека во рамките на ГИС клиентски апликација Esri ArcGIS, користење на заштитени веб услуги според OGC стандарди е поддржано од Esri ArcGIS верзија 10.4 и понови.

Доколку корисникот сака да пристапи до веб услуги користејќи Esri ArcGIS, постои можност и за презимање на времена верзија на Esri ArcGIS Pro со кој ќе има пристап до најажурен софтвер и можност за користење на заштитени OGC сервиси, вклучувајќи ги и сервисите од НИПП геопорталот.

mk_MK
en_US mk_MK